Алиоски ќе игра за Галатасарај, го замолил клубот да не објавува

Езџан Алиоски има потпишано преддоговор со Галатасарај, но сакал тоа да биде тајна до моментот на преселба во Истанбул од редовите на Лидс, објавија турските медиуми.

Македонскиот репрезентативец не ги прифати условите на премиерлигашот за продолжување на договорот под исти услови, што е и логично, а ги замолил претставниците на Галатасарај трансферот да биде тајна поради лошите односи на навивачите на турскиот клуб и симпатизерите на Лидс.

Во 2000 година се случи голем инцидент на полуфиналниот меч меѓу Галатасарај и Лидс во тогашниот УЕФА куп, кога до смрт без избодени двајца навивачи на Лидс во Истанбул.

Стравот на Алиоски е опрадван бидејќи дел од симпатизерите на англискиот клуб реагираа непристојно, со пароли и објави на социјалните мрежи против неговите преговори со Галатасарај.

 

 

- Оглас -

Најнови вести