Алиоски: Не се плашиме од Челзи

Езџан Алиоски во последните две кола е еден од најдобрите играчи на Лидс, тимот кој успеа да ја сочува незатресена мрежата во дуелите пртив Арсенал и Евертон. Против Топчиите дуелот заврши без голови, а на гостувањето кај Евертон, Лидс славеше со 1:0. Вечерва следи нов предизвик за Алиоски и другарите, затоа што Лидс гостува на „Стемфорд Бриџ“ против Челзи, а популарниот Џани е оптимист.

„Челзи има многу квалитетни индивидуални и секако дека треба да бидеме претпазливи. Нивниот напад е добар и посебно ќе треба да внимаваме во одбраната. Сепак, ние знаеме дека како тим сме одлични и со заеднички сили може да се спротиставиме. Не се плашиме и против секој противник одиме да го дадеме најдоброто“, оптимистички најавува Алиоски.

Во последниве 15 години, Лидс и Челси играле само еднаш и тоа во Лига Купот кога лондончани победија убедливо со 5:1 во 2012 година. Лидс сезонава на гости игра одлично и во пет меча има дури три победи. Челзи на својот „Стемфорд Бриџ“ е со биланс од две победи, две реми и еден пораз сезонава.

 

- Оглас -

Најнови вести