Алиоски: Ова е специјален момент за сите, особено за тие што првпат се во Англија и на „Олд Трафорд“

Езџан Алиоски кој во дресот на Лидс има играно против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, знае како е да се игра на „Театарот на соништата“, а за утре најавува дека мора да се биде сконцентриран во сите 90 минути за Македонија да извлече поволен резултат против Англија.

„Гледам сите како го гледаат теренот, стадионот, ова е нешто специјално за нас посебно за оние што првпат се во Англија, и овој терен го гледале само на телевизија, а сега се тука и може да уживаат. Мислам дека ако сме ментално спремни, со максимална дисциплина, може да направиме нешто. Знаеме дека Англија е голем фаворит, но ние никогаш не ја губиме нашата надеж, и затоа сме тука. Ќе пробаме да изненадиме“ – вели Алиоски.

- Оглас -

Најнови вести