-0.2 C
Skopje
среда, 21 јануари 2026

Алкарас, Медведев и Сабаленка лесно до пласман во третото коло на АО

Првиот светски тенисер, Карлос Алкарас, со максимални 3-0 дојде до пласман во третото коло од првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Шпанецот со 7-6, 6-3 и 6-2 беше подобар од германскиот тенисер Јаник Ханфман.

Пласман во третото коло со максимална победа од 3-0 обезбеди и рускиот тенисер, Данил Медведев, откако со 7-6, 6-3 и 6-4 го победи Французинот, Кантан Алис.

Немаше изненадувања ниту на женскиот турнир. Белоруската тенисерка, Арина Сабаленка, лесно со 2-0, односно 6-3 и 6-1 по сетови славеше над Бај Џусјан од Кина.

- Оглас -

Најнови вести