Алкарас со пресврт до полуфинале на мастерсот во Синсинати

Првиот светски тенисер на АТП ранг-листата, Карлос Алкарас се пласира во полуфиналето на турнирот од серијата Мастерс 1000 кој се игра во Синсинати, САД.

Шпанецот во четвртфиналето беше подобар од сензацијата на мастерсот, Макс Пурсел од Австралија, кој меѓу осумте најдобри дојде преку квалификациите.
На крајот, Алкарас славеше со 2-1 во сетови и тоа со 4:6,6:3,6:5 во меч кој траше два часа и 11 минути.

Првиот сет му припадна на Пурсел кој единствениот брејк го направи во седмиот гем.
Во вториот сет, Алкарас уште на стартот го одзеде сервисот на Пурсел и рутински ја зачува предноста до крајот на сетот.

Во третиот сет, Алкарас прв направи брејк, но Пурсел успеа да се врати во игра и беше израмнето се до деветтиот гем кога Шпанецот повторно го одзеде сервисот на противникот и потоа со сигурен сервис ја потврди победата.

Противник на Алкарас во полуфиналето ќе му биде Хуберт Хуркач кој во два сета со 6:1,7:6 го победи Попирин од Австралија.

Кај дамите во првото полуфинале ќе играат Ига Швјонтек и Коко Гоф. Швјонтек во четвртфиналето со 2-0 во сетови ја победи Вондрушова, додека Гоф беше подобра од Италијанката Паолини (2-0). Во второто полуфинале, Чехињата Мухова ќе игра со подобрата од мечот меѓу Онс Жабер и Арина Сабаленка.

- Оглас -

Најнови вести