Шпанецот Карлос Алкараз е победник на годинешниот „Ролан Гарос“ во машка конкуренција.
Во денешното финале, Алкараз го победи Александер Зверев со 6-3, 2-6, 5-7, 6-1, 6-2 и дојде до својата трета гренслем титула во три финалиња и сите три на различни подлоги.
Зверев имаше прилика да стане првиот Германец кој го освоил „Ролан Гарос“, поведе со 2-1 во сетови, откако го „украде“ третиот со 7-5, после негатива од 2-5, но немаше силни и нерви да продолжи во ист ритам. Алкараз брзо го преболе загубениот трети сет и покажа шампионски карактер кој му донесе триумф и искачување на второто место на АТП листата на утрешното рангирање.