Алкојано редовно си ги исфрла фаворитите од Копа дел Реј, а сега „настрадаа“ Леванте и Барди

Енис Барди и Леванте ги завршија настапите во шпанскиот Копа дел Реј откако веќе во првата рунда загубија на пенали од Алкојано.

Средбата по 120 минути заврши 3:3, a македонскиот репрезентативец влезе во игра во 56-тата минута.

Мурад Ел Гежуани ги постигна двата погодоци за домашниот тим во првото полувреме, додека Дани Гомез го даде првиот гол за гостите.

Кристијан Бланко зголеми на 3:1, додека Солдадо и по вторпат Гомез обезбедија продолженија за Леванте.

Домашниот тим остана без играч помалку откако Анхел доби црвен картон.

Сепак, тимот од Ла Лига не успеа да го искористи тоа, па средбата замина на пенали.

Кај Леванте дури тројца фудбалери не успеаја да го реализираат ударот, а еден од нив беше токму Барди.

Со тоа екипата на македонскиот репрезентативец ќе се фокусира на опстанокот во Ла Лига.

- Оглас -

Најнови вести