Алонсо го налути Лампард: На полувреме се упати кон клупскиот автобус

Маркос Алонсо веднаш е ставен на трансфер-листата по барање на менаџерот Френк Лампард. Шпанскиот бек своеволно се упатил кон клупскиот автобус уште на полувреме од мечот против ВБА, во којшто Челзи спаси бод откако се извади од негатива од 3-0.

Лампард одлучи уште на паузата да го смени Алонсо и на негово место да заигра капитенот Аспиликуета, а овој без дозвола го напушти „Хавторнс стадионот“ и сместен во автобусот го чекал крајот на средбата. Шпанецот потоа бил принуден да се врати во соблекувалната и да им се извини на соиграчите за непрофесионалното однесување.

Како и да е, предводникот на Сините не простува и врши притисок за Алонсо уште во овој преоден рок да биде продаден, кој трае до 5 октомври.

- Оглас -

Најнови вести