Барселона купува ѕвезда од Премиер лигата вредна 80 милиони евра

Со приближувањето на летниот преоден рок, на листата на потенцијални засилувања на Барселона се најде и името на ѕвездата на Њукасл, Eнтони Гордон. Англискиот репрезентативец е најновиот напаѓач што се поврзува со каталонскиот клуб.

Гордон и претходно се споменуваше во контекст на заминување од Њукасл на крајот од сезоната, а интерес за неговите услуги покажа и Баерн Минхен.

Според шпанските медиуми, Барселона исто така може да биде една од опциите бидејќи клубот бара нов лев крилен напаѓач. Каталонците наводно се заинтересирани за Гордон, кого го сметаат за многу интересна опција за офанзивната линија.

Гордон оваа сезона за тимот на Еди Хау постигна шест гола во Премиер лигата, но значително поефикасен беше во Лигата на шампионите, каде што на 12 натпревари постигна 10 погодоци. Треба да се истакне дека четири гола даде во плејофот против Карабах, а погодуваше и против Унион Сен-Жил, Бенфика, Баер Леверкузен и ПСВ Ајндховен.

Сепак, евентуалниот трансфер би бил финансиски многу тежок. Њукасл би барал сума од најмалку 80 милиони евра за својот напаѓач. Реалната опција е Ентони Гордон да пристигне доколку Барселона го продаде Рафиња ова лето.

- Оглас -

Најнови вести