Одлична ждрепка за финалето: Татабања во реваншот доаѓа во охридскиот „пекол“

Ждрепката за финалето на ЕХФ Европскиот куп се чини дека му се погоди на Охрид, бидејќи реваншот ќе се одигра пред домашната публика во салата „Билјанини извори“.

Според распоредот, унгарскиот Татабања ќе биде домаќин на првиот натпревар, додека одлуката за трофејот ќе падне во Охрид.


Првиот меч е закажан за 23 или 24 мај во Унгарија, а реваншот на 30 или 31 мај во Македонија.

Така, Охрид ќе има идеална шанса да се бори за историски европски трофеј пред своите навивачи и во еуфорична атмосфера.

- Оглас -

Најнови вести