Алушовски пред Пик Сегед: Да не ги повториме грешките од мечот со Порто

Македонскиот првак Вардар во недела (18 часот) во ЦС „Јане Сандански“ ќе го пречека составот на Пик Сегед во обид да го задржи позитивниот учинок на домашен терен против оваа екипа.

Унгарците досега петпати гостувале во Скопје без притоа да слават победа против Црвено-црните, а паметат само едно реми од 2004 година.

Стевче Алушовски се надева на позитивен одговор од неговите ракометари по поразот од Порто и потенцираше дека нема простор да се повторуваат почетнички грешки од тој меч.

„Нè очекува една тешка борба за двата бода, без разлика што Пик Сегед нема посакувани резултати од првиот дел од сезоната. Тоа е многу квалитетен тим кој цели на настапи на фајналфорот, но ние детално го анализиравме противникот и имаме уште два дена да се подготвиме за овој дуел. Се надевам дека позитивно ќе одговориме на сите задачи и ќе ги реализираме коректно и според договореното. Оптимист сум, сакам да се претставиме во добро светло за да видиме до каде сме со напредокот. Да не се повторуваат почетничките грешки против Порто кои нè чинеа два бода“, посочи Алушовски.

- Оглас -

Најнови вести