Ентони Гордон потпиша договор со Барселона кој ќе важи во следните пет сезони.

Роден на 24 февруари 2001 година, во Киркдејл, една од работничките населби на Ливерпул, тој потекнува од семејство со ирско и шкотско потекло и има длабока страст за фудбалот. Бил навивач на Ливерпул, но Црвените му ја покажаа вратата на 11-годишна возраст, и тој заврши во младинската академија на нивниот градски ривал, Евертон.
На 16 години, тој го имаше своето деби со првиот тим во натпревар од Лигата на Европа, а на 18 години дебитираше во Премиер лигата. Од тој момент, тој почна да го покажува талентот и бројните квалитети што ги покажа во текот на кариерата која следеше постојана нагорна траекторија. По четири и пол сезони во Евертон, вклучувајќи шестмесечна позајмица во Престон Норт Енд, тој направи уште еден чекор напред.
На Њукасл му се приклучи во јануари 2023 година. Таму стана еден од највештите и највредните крилни играчи во Европа. Негови карактеристики се капацитетот за подобрување, неговиот висок пресинг и неговата амбиција да стане покомплетен играч. Тој беше најдобар стрелец и дриблер на Њукасл во сезоната, тим кој се соочи со Барса на Ханси Флик три пати. Токму на тие мечеви си се препорача.
Барселона на Њукасл ќе му плати отштета од 70 милиони евра, а може да бидат и над 80 ако Гордон ги исполни условите за бонуси кои ги има во договорот, па Гордон ќе треба да докаже дека навистина вреди толку и деца сумата платена за него не е претерано висока како што мислат многумина.

