Шокантниот пораз на Новак Ѓоковиќ од Жоао Фонсека на „Ролан Гарос“ е вистинска реткост, бидејќи вакво нешто на Србинот ретко или никогаш му се немаше случувано во минатото.
Новак кој им рекордни 24 гренслем титули, првпат во кариерата загуби од некој тинејџер на гренслемите. Првпат загуби на гренслем од некој Бразилец, а првпат по САД опен во 2024 беше елиминиран уште во трето коло на некој од четирите најголеми турири на светот.
Сепак, она што денешниот пораз го прави најшокантен е што после 16 години првпат видовме Новак да испадне после водство од 2-0 во сетови. Во 2010, истотака на „Ролан Гарос“, но тогаш во четвртфинале, Ѓоковиќ имаше 2-0, и на крај загуби 2-3 од Јирген Мелцер. Денеска петти сет играше против тенисер кој е 20 години помлад од него и тоа беше еден од факторите кои придонесоа Новак после петчасовна борба да загуби на несвојствен начин за него.

