Алваро Негредо стави крај на кариерата

Легендарниот шпански фудбалер Алваро Негредо денес официјално објави крај на својата играчка кариера.

Искусниот напаѓач беше без клуб од крајот на минатата сезона, кога му помогна на Ваљадолид да избори промоција во Ла Лига.

„Ти благодарам, фудбал“, рече Негредо во видео објава на социјалните мрежи, при што симболично ги закачи копачките.

Кариерата ја започна во 2003 година во Рајо Ваљекано. Од 2009 до 2013 година играше за Севиља, по што се пресели во Манчестер сити, каде што во 2014 година ја освои титулата во Премиер лигата.

По Сити, настапуваше за Валенсија, Мидлзборо, Бешикташ, Ал-Наср, Кадиз и за Ваљадолид.

За шпанската репрезентација одигра 21 натпревар и постигна 10 голови, а во 2012 година стана европски шампион со Црвената фурија.

- Оглас -

Најнови вести