Алвеш: Барселона не се грижи за легендите кои испишале клупска историја

На бразилскиот десен бек Даниел Алвеш, не му се допадна начинот на кој заврши неговиот втор престој во редовите на Барселона. Најтрофејниот фудбалер во историјата, се пожали во интервјуто за британски „Гардијан“.

„Пет години сонував да се вратам во Барса, и бев среќен и благодарен што ми дозволија да се вратам. Не сум лут, но не ми се допаѓа начинот на кој ми го покажаа излезот. Јасно беше дека веќе немам 20 години, но клубот во последните години прави грешки. Барселона не се грижи за луѓето кои ја испишале историјата на клубот. Како фан, би сакал клубот да работи и размислува поинаку“ – изјави 39-годишниот Алвеш, кој уште бара клуб од силна лига во кој би играл редовно, за да добие шанса да биде во форма и на СП во Катар.

Ако се врати во Бразил, вели дека би играл само за Атлетико Паранаенсе, но приоритет му е Европа.

- Оглас -

Најнови вести