Алвеш го објави своето „Си-Ви“, преку оглас на Инстаграм бара нов клуб

Бразилскиот десен бек Даниел Алвеш, откако доби негативен одговор од Барселона околу продолжување на соработката, направи еден необичен гест.

Дани кој има 39 години, сака да игра на СП во Катар, приоритет му е да остане во Европа, и да продолжи да освојува трофеи.

„Опа, опа, денеска е последен ден од мојот договор, а како што знаете, немам потпишано нов. Моето име е Дани Алвеш, Бразилец сум, познат сум како позитивен лудак, имам 39 години, и најголем победник во историјата на фудбалот со 43 трофеи. Ќе играм фудбал и кога ќе имам 50 години“ – напиша Алвеш.

- Оглас -

Најнови вести