Алжир со крв и пот до (не)заслужена титула, Сисе ќе почека трета шанса (Видео)

Титулата која ја освои Алжир на штотуку завршениот Африкански куп на нации, за многумина е незаслужена, особено поради играта во финалето, во кое првакот имаше само 1 единствен шут кон противничкиот гол, а направи дури 32 фаули. Сепак, тој еден шут среќно заврши на вистинското место, а потоа со секакви средства си го бранеа голот и дојдоа до целта.

Алжир на сите мечеви на Афкон даваше гол, не загуби ниту еднаш, и затоа не може да се каже дека не е заслужено на кровот на Африка за првпат после 29 години.

За најкорисен играч на турнирот е прогласен Исмаел Бенасер, 21-годишниот плејмејкер на калчолигашот Емполи, каде пред две години дојде од младиот тим на Арсенал.

Сенегал треба да жали што доминацијата во поседот на топката во финалето не го искористи подобро, но имаа проблем со реализацијата, и покрај тоа што во нападот имаа играчи како Мане од Ливерпул и Диањ кој со Галатасарај беше прв стрелец во турската лига.

Селекторот Алиу Сисе по вторпат во кариерата беше во финале и по вторпат загуби. Во 2002 година како играч, загуби од Камерун, сега како селектор од Алжир.

- Оглас -

Најнови вести