Амбасадорката на Словачка заедно претседателката на ФУСМ го следеа натпреварот Македонија – Словачка

Претседателката на Федерацијата на училишен спорт, Елена Мицковска, денешниот натпревар помеѓу Македонија и Словачка во женска конкуренција го проследи со амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

По завршувањето на натпреварот Македонија и Словачка, направија заедничка фотографија за долго сеќавање и потврда дека спортот секогаш обединува, дека фер-плеј играта е поважна од резултатот.

Од Федерацијата упатија и благодарност до Основното Училиште „Крсте Мисирков“ за гостопримството и одличната атмосфера.

Женската кадетска репрезентација на Македонија по третпат победи на Светското училишно првенство во ракомет. Кадетките беа подобри од Словачка со 28-13 и како првопласирани одат во четвртфинале.

 

- Оглас -

Најнови вести