Чукарички продаде талентиран фудбалер за четири милиони евра!

Српскиот суперлигаш Чукарички продаде талентиран фудбалер во австриски Салцбург за сума од четири милиони евра. Се работи за 18-годишниот фудбалер од средниот ред Филип Матијашевиќ, еден од најголемите таленти на српскиот фудбал.

Трансферот на младиот фудбалер е потврден и од двете екипи, а ова е уште еден убав пример како треба да работи еден клуб. Ваквите трансфери се незамисливи за нашите екипи, но само неколку стотина километри на север и тоа како фудбалот станува голем бизнис.

- Оглас -

Најнови вести