Амбициите на Роналдо „до плафон“: Сакам да освојам сè со Јувентус!

Кристијано Роналдо со големи амбиции влегува во третата сезона од договорот со Јувентус. Со новиот тренер Андреа Пирло, Португалецот цели на сите фронтови во претстојната сезона 2020/21.

Со бјавата на „Инстаграм“, Роналдо стави крај на шпекулациите дека би можел да ги напушти Бјанконерите ова лето, откако се поврзуваше со сензационална преселба во ПСЖ.

„Се подготвувам за мојата трета сезона со Јувентус, моите амбиции се високи како и секогаш. Погодоци. Победи. Посветеност. Професионалност. Со сета моја сила и помош од соиграчите и стручниот штаб, заедно работиме повторно да ја освоиме Италија, Европа, па и светот“, напиша .

Во претходната сезона, 35-годишниот Кристијано со 31 гол во 35 меча придонесе за Јувентус да го освои деветтото Скудето во низа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести