Американска легенда: Федерер е најдобар затоа што може да игра и со дрвен рекет

Некогашната американска тениска ѕвезда Стен Смит смета дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата, а тоа го поткрепува со едно интересно мислење и споредба на Швајцарецот со останатите.

„На мојата вечна листа го ставам Роџер Федерер пред Род Лејвер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Пит Сампрас и Бјорн Борг. Играта во минатото беше поразлична со оние дрвени рекети. Тогаш ударите беа послаби, топчето одеше побавно. Ако не го погодите топчето со средината на рекетот, тогаш топчето оди во аут. Верувам дека Федерер е единствен кој би бил подеднакво добар и со дрвен рекет како и со овие модерните. Тој игра чисто и рамно, како што игравме ние“, заклучува Смит.

Смит имаше 21 година кога почна новата тениска ера во 1968 година, а освои две гренслем-титули во сингл, по една на Вимблдон и Отвореното првенство на САД. Подобар беше во двојки, каде што успеа да освои пет гренслем-титули и има барем по една титула во дубл на сите четири гренслема. Тој во 1970 година беше првиот освојувач на завршниот АТП-турнир кој тогаш се одржа во Токио.

- Оглас -

Најнови вести