Во Америка сите навиваат за него, чека добивка од 75 милиони долари и дава одлични награди

Американскиот бизнисмен Џим Мекингвејл е еден од најпознатите обложувачи на светот и често знае да вложи огромни суми на мечеви од професионалните лиги во Америка, а сега е на четири победи до голема добивка од 75 милиони долари.

Трговецот со намештај има 71 година и вели дека обложувањето му е хоби, а сега чека Хјустон еронс да ја победи Филаделфија во големото финале во МЛБ-лигата, односно во бејзбол лигата за да добие 75 милиони долари, а за тоа му требаат четири победи.

Мекингвејл најави дека ако Еронс ја освои титулата, сите купци од неговите продавници за намештај што ќе купат душек во вредност од 3 илјади долари ќе добијат комплетен поврат на парите.

За тие што ќе купат поскап производ од 5 илјади долари или повеќе ќе добијат дупло, односно 10 илјади долари.

Влогот за овој облог на 71-годишниот бизнисмен е 10 милиони долари, а добивката ако Хјустон стане првак ќе биде 7,5 пати поголема.

Мекингвејл има дузина огромни влогови во спортското обложување, а во април годинава веќе си ќари 10 милиони долари откако погоди дека Канзас ќе биде НЦАА првак во колеџ кошарката во САД.

- Оглас -

Најнови вести