Американците се потсмеваат на ракометот: Леброн и двајца НФЛ-играчи ќе биле доволно за да освојат злато, а Дончиќ веднаш им одговори

Ракометот е спорт кој не е многу познат и популарен во САД. Во една анализа за тоа каков спорт е ракометот, американските водители го имаа повикано поранешниот квотер бек во НФЛ Џеј Кутлер и констатираа дека Американците може да освојат и златен медал во ракометот.

Кутлер пред неколку дена најави дека размислува на 36 години да се активира и да стане ракометар и да се обиде со САД да стигне до Олимписките игри во 2020 година.

„Слушнав дека тој ракомет е дел од Олимписките игри и мислам дека би бил во тој спорт.Се игра со мала топка, која ја вртиш наоколу и потоа шутираш. Тоа е како фудбал во сала, но се игра со раце“, рече Кутлер, а водителот му даде уште повеќе сила да верува дека пензионираниот спортист би бил добар ракометар.

„Колку играчи има во ракометот, осум така ли беше? Јас мислам дека ти, Леброн Џејмс и Патрик Махомс сами против кои било осуммина играчи од која било друга земја ќе освоите злато“, додаде водителот.

Некогашниот НФЛ-играч максимално ги потценува ракометарите со изјавите кои во континуитет ги дава.

„Погледнете го тој спорт. Сите екипи на гол ставаат некои стари типови кои без врска ги креваат рацете и мавтаат кога топката оди кон нив. Некогаш ќе ги погоди во телото, некогаш не. Морам да влезам во американскиот ракометен тим“, додаде Кутлер.

Кога оваа американска „анализа“ за ракометот стигна до ушите на еден од најдобрите ракометари во историјата Никола Карабатиќ, Французинот имаше порака до Кутлер. Карабатиќ го предизвика Кутлер и му порача „Еј Џеј Кутлер, со задоволство ќе ти го дадам мојот златен медал ако успееш да го победиш мојот тим“, беше пораката од Карабатиќ.

И НБА-ѕвездата Лука Дончиќ беше зачуден како може Американците толку да го потценуваат ракометот. „Нема шанси! Луѓето не знаат колку е тешко да се игра ракомет“, порача Дончиќ по „анализата“ на Америкаците за ракометот.

 

- Оглас -

Најнови вести