Американците загубија од Костарика, но одат на Светското првенство, голманот на Мексико како Кристијано Роналдо

Канада, Мексико и САД се трите репрезентации од КОНКАКАФ зоната (Северна и Средна Америка) на ФИФА кои се пласираа на Светското првенство во фудбал, а на Мундијалот во Катар може да оди и Костарика, која во јуни ќе треба да игра бараж против Нов Зеланд.

Последното коло од квалификациите донесе интересни резултати. Лидерот Канада веројатно немотивирана загуби со 0-1 од Панама. Пораз претрпеа и Американците од Костарика со 0-2, но одат на СП откако го пропуштија претходното во Русија, а Мексико се проби на СП откако немаше проблеми со Салвадор и победи со 2-0, додека Јамајка го совлада Хондурас со 2-1.

Гилјермо Очоа, голманот на Мексико, оди по стапките на Кристијано Роналдо и ќе настапи на петто Светско првенство во кариерата. Очоа е еден од најзаслужните што Мексико се пласира на СП бидејќи на пет меча по ред нема примено гол.

- Оглас -

Најнови вести