Аморим: Ако Спортинг го победи Манчестер сити, во Јунајтед ќе мислат дека им дошол Алекс Фергусон!

Тренерот на Спортинг, Рубен Аморим, утревечер за последен пат ќе ги води Лавовите на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон, а противник ќе му биде ни повеќе ни помалку, туку Манчестер сити предводен од Пеп Гвардиола.

Аморим од другата недела ќе го преземе менаџерското место во Манчестер јунајтед, па Сити ќе му биде градски ривал.

„Фокусиран сум само на Спортинг, од 11 ноември ќе бидам тренер на Јунајтед. Ако резултатот утре биде негативен, очекувањата за мене во Манчестер ќе бидат намалени. Но, ако победиме, некој ќе помисли дека Манчестер јунајтед има нов Алекс Фергусон! Сакам победа и добро збогување со фановите. Сакам да ги израдувам и навивачите и моите играчи“, рече 39-годишниот Аморим, кој е само 9 дена постар од неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Кристијано Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести