Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, вели дека се заштитува себеси и своето семејство од злоупотреба на социјалните мрежи со тоа што не ги чита содржините.
Истрага на Би-би-си откри дека повеќе од 2.000 екстремно навредливи објави или пораки на социјалните мрежи, вклучувајќи закани со смрт и силување, биле упатени кон менаџери и играчи во Премиер лигата и Женската Супер лига во текот на минатиот месец.
Аморим заедно со Арне Слот и Еди Хау биле најчестатат цел на злоупотреба во елитната англиска лига.
„Не го читам тоа и така се заштитувам. Не гледам телевизија кога зборуваат за Манчестер јунајтед не затоа што не се согласувам, туку тоа е начин да бидам здрав“, вели Аморим.
Анализата во истрагата на Би-би-си е спроведена со компанијата за наука за податоци „Сигнифај“.
Менаџерите се цел на повеќе напади отколку играчите, додека 82% од навредливите објави беа објавени на „X“, порано познат како „Твитер“. Од сите навредливи пораки, 61% биле испратени од профили во Велика Британија и Република Ирска.
„Губам пари од спонзорите. На „Инстаграм“ би можело да заработам многу пари, но вака имам заштита на моето семејство и нормален живот. Никој не може да биде повознемирен од мене кога губиме и кога не играме добро“, додава Португалецот.

