Аморим: Мразам да губам, тоа е ужасно чувство

Манчестер јунајтед продолжува со разочарувачките настапи, а поразот од Тотенхем (1-0) само ја продлабочи кризата. Ни промената на менаџерот не донесе позитивен пресврт, а Рубен Аморим се соочува со огромни проблеми во тимот.

Легендите на англискиот фудбал Мајкл Овен и Гери Невил отворено ја критикуваа играта на Црвените ѓаволи.

„Од каде да почнам? Ау… Каков грозен тим. Ужасни се. Не изгледаат како тим. Новиот менаџер дојде, а искрено, не направи ништо“, изјави Мајкл Овен.

Гери Невил исто така не ги поштеди Манчестер јунајтед и Рубен Аморим.

„Начинот на кој Манчестер Јунајтед е поставен во средниот ред е срамен. Има толку многу празен простор што е шокантно. Оваа тактика не би ја виделе ни кај тимови на возраст до 10 години“, коментираше Невил.

По поразот од Тотенхем, португалскиот стратег призна дека ситуацијата е тешка.

„Имам многу проблеми. Оваа работа е исклучително тешка, но ќе се држам до моите принципи“, изјави тој, додавајќи дека не е загрижен за својата иднина.

„Не сум загрижен. Мразам да губам, тоа е ужасно чувство. Убеден сум во мојата работа и само сакам да победуваме.“

Со само четири победи во 14 натпревари, навивачите на Манчестер јунајтед губат трпение, а Аморим е под сѐ поголем притисок.

- Оглас -

Најнови вести