Луда инвазија на теренот во Ла Коруња, бурното славје ги загрижи Шпанците (Видео)

Депортиво Ла Коруња уште пред една недела го обезбеди враќањето во елитното шпанско друштво, а вечерва на „Риазор“ имаше огромно славје кое ги загрижи Шпанците и претседателот на шпанската фудбалска федерација кој лично беше присутен таму.

Десетици илјади фанови влетаа на терен после последниот свирежи на судијата и ги оштетија стативите и хидрантите за наводнување, а за само четири дена, в четврток, на овој стадион треба да се игра пријателски меч помеѓу селекциите на Шпанија и Ирак. В среда, Црвената фурија и Ирачаните ќе треба да тренираат таму.

Штетата ќе биде проценета во наредните часови за да се утврди како ова ќе влијае на натпреварот в четврток. Плус таму има хибридна трева, останува да се види дали може да се опорави за толку кратко време. 

- Оглас -

Најнови вести