Патките изгореа во пламенот од Калгари

Лидерот од Западната конференција, тимот на Калгари флејмс со високи 6-1 го растури Анахејм за вкупно 48-та победа во регуларниот дел од сезоната. Гостите на изненадување поведоа со голот на Велински во 10-тата минута, но фаворитот за брзо се врати во игра, а веќе во следните два периоди ја покажаа вистинската моќ.

По 78 натпревари Калфари има 103 бода, односно осум повеќе од второпласираниот тим на Сан Хозе шаркс.

 

Сент Луис блус загуби со 4-0 на гостувањето кај Њујорк ренџерс, но и со пораз обезбеди место во плеј-офот. Во Западната конференција Сент Луис е на петтата позиција со 90 бода, а како третопласирани од Централната дивизија ќе играат во разигрувањата.

И вицешампионот Вегас голден најтс на сличен начин осигура место во пост-сезоната. На домашен терен екипата на Вегас загуби со 2-3 во мечот против Минесота вајлд, но и тие ќе се најдат во плеј-офот, а до таму ќе патуваат како шестопласирани на Западот, односно од третото место од Пацифик дивизијата.

Резултати НХЛ: Њујорк ренџерс – Сент Луис блус 4-2, Питсбург пингвинс – Нешвил предаторс 1-3, Детроит ред вингс – Њу Џерси девилс 4-0, Калгари флејмс – Анахејм дакс 6-1, Колорадо аваланш – Аризона којотс 2-2 (1-0 на пенали), Вегас голден најтс – Минесота вајлд 2-3.

- Оглас -

Најнови вести