Босна и Херцеговина одигра нерешено и на вториот меч пред Мундијалот, кој воедно беше и генералка. Босанците по ремито против Македонија во Сараево, одиграа нерешено и против Панама, 1-1, во Сент Луис, иако немаше да биде незаслужено доколку било која од овие две репрезентации на крајот и славеше.
Никола Катиќ погоди за босанско водство во 23-тата минута, но Панама израмни во финишот од првото полувреме преку Рамос.
Светското првенство со реми ќе го чекаат и селекциите на Швајцарија и Австралија, кои одиграа 1-1 во Сан Диего. И за двете селекции ова беше генерална проба пред Мундијалот, кој за Швајцарија започнува следната сабота со дуел против Катар, а Австралија во првото коло во недела се среќава со Турција.

