Динамо Загреб загуби од Баерн Минхен со 9-2, што за нив е најубедливиот пораз во историјата, но и двете екипи поставија рекорд според бројот на дадени, односно примени голови во Лигата на шампионите.
Сепак, аналитичкиот и статистички центар „Опта“ пресмета дека токму Динамо Загреб го има најтимскиот гол на стартот од Лигата на шампионите. Акцијата за првиот гол на Динамо траела точно една минута, имало вкупно 19 додавања, а биле вклучени сите 11-мина фудбалери пред Бруно Петковиќ да успее да го постигне голот.
Тие објавија и фотографија со движењето на фудбалерите и додавањата пред постигнувањето на голот, кој даде надеж за Динамо, но на крајот се покажа дека само ги налути домашните кои во продолжение од мечот постигнаа уште шест гола.
https://twitter.com/OptaAnalyst/status/1836427785687973922?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1836427785687973922%7Ctwgr%5Eca46097b0221679b6c32fc9af21380f5dcaa40bf%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fdinamo-je-u-najgorem-porazu-u-povijesti-zabio-najljepsi-gol-kola-lige-prvaka%2F2599613.aspx