Анчелоти: Ако бев загрижен околу тоа дали Хамес може да игра во Англија, ќе го купев Јусејн Болт

Евертон со триумф од 1-0 на гостувањето кај Тотенхем тргна во новата сезона во Премиер лигата. За Карамелите во овој меч дебитираше Хамес Родригес, ексѕвездата на Реал Мадрид, кој го одигра речиси целиот натпревар пред да биде заменет во судиското надополнување.

По мечот, менаџерот на гостите, Карло Анчелоти, беше прашан дали е загрижен околу тоа дали Хамес може да го издржи интензитетот и високото темпо во Премиер лигата, по што Италијанецот даде комичен одговор.

„Не сум загрижен. Ако бев, ќе го доведев Јусејн Болт, а не Хамес“, истакна Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести