Анчелоти: Бев блиску да го наследам Фергусон на клупата на Манчестер јунајтед

Екипите на Евертон и Манчестер јунајтед вечерва од 21 часот ја почнуваат својата битка за пласман во полуфинаето на англискиот Лига куп, а атмосферата ја загреа менаџерот на Карамелите, Карло Анчелоти, кој вели дека во летото 2013 година можел да стане тренер на Црвените ѓаволи.

По заминувањето на Сер Алекс Фергусон од Манчестер, на клупата седна Дејвид Мојс, но немаше успех и не се задржа долго. За разлика од него, Италијанецот Анчелоти замина во Реал Мадрид и со Кралскиот клуб веднаш ја освои титулата во Лигата на шампионите.

„Го задржав одличниот однос со Алекс Фергусон. Со него се сретнав кога одлучи да се пензионира, ми понуди да бидам менаџер на Јунајтед, но веќе бев многу блиску до договор со Реал Мадрид“, вели Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести