Анчелоти е убеден дека на Италија нема да ѝ се повтори Македонија: „Сигурно одиме на СП“

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, го сподели своето мислење за шансите на Италија да се пласира на Светско првенство 2026.

Вечерва Италијанците ќе играат против Босна и Херцеговина во решавачкиот бараж за место на завршниот турнир.

Еден од најпознатите италијански фудбалски стручњаци, Анчелоти, им посака среќа на своите сонародници, предводени од селекторот Џенаро Гатузо.

„Му посакувам на Гатузо многу среќа и се надевам дека ќе се видиме на Светското првенство. Сто проценти сум уверен дека ќе се пласираат. Или, да речеме 95 проценти, а судбината ќе го одлучи остатокот. Едно е сигурно: Италија ќе игра во релативно лесна група на Светското првенство, каде што Швајцарија ќе биде единствениот навистина сериозен противник“, изјави Анчелоти.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Мексико и Канада.

Победникот од дуелот меѓу Италија и Босна и Херцеговина ќе биде сместен во Групата Б, каде што ќе игра против Канада, Катар и Швајцарија.

- Оглас -

Најнови вести