Анчелоти го бара Имобиле во Евертон

Евертон е заинтересиран да го купи напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле. Според информациите на еден познат специјализиран фудбалски интернет-портал, Карло Анчелоти побарал од управата на Карамелите да најде пари за ангажирање на италијанскиот голгетер, кој можеби ќе биде и Златна копачка на Европа.

Имобиле има 30 години и сезонава се изнадава голови (засега има 34 и му треба уште еден за да го надмине Роберт Левандовски во трката за најдобар стрелец во Европа) во дресот на Лацио. Договорот со римските Орли му истекува дури во 2023 година. Интерес за Имобиле има и кај Њукасл, кој наводно бил подготвен да плати 135 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести