Вардар се раздели со Ведран Ќосевски и Михаил Талевски

По освојувањето на шампионската титула, во таборот на Вардар интензивно се работи на креирање на играчкиот кадар за претстојната сезона, а клубот денеска потврди и две разделби.

Црвено-црните нема да сметаат на услугите на голманот Ведран Ќосевски и напаѓачот Михаил Талевски, откако со двајцата фудбалери беше постигнат взаемен договор за прекин на соработката.

Ќосевски во редовите на Вардар пристигна од Струга, а во својата кариера настапуваше и за ирански Естегал, како и за босанските Вележ од Мостар и Железничар.

Од клубот заминува и Талевски, кој минатото лето дојде од Пелистер. Претходно беше дел од Работнички и вториот тим на Осијек. Неговиот најзабележителен настап во дресот на Вардар беше во финалето на Купот на Македонија минатата сезона, кога со два погодоци го предводеше својот тим до победа од 2-0 против Струга.

- Оглас -

Најнови вести