Анчелоти: Испланиравме сè, навивачите на Реал можат да бидат мирни

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва (21 часот) на „Етихад“ ќе го играат реванш-натпреварот во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити, а тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, е оптимист.

Првиот натпревар кој се играше на „Сантијаго Бернабеу“ заврши без победник 3:3, а Анчелоти изјави дека навивачите на Кралевите можат да бидат среќни поради добрите игри на неговите фудбалери во ЛШ.

„Пеп може да биде мирен. Мислам дека и навивачите на Реал можат да бидат мирни и среќни бидејќи нашиот тим игра добро во ЛШ. Испланиравме сè, доро ќе се браниме, ќе напаѓаме преку контранапади и мислам дека добро ќе одиграме“, изјави Анчелоти.

Оптимист е и англискиот репрезентативец кој го носи Кралскиот дрес, Џуд Белингам.
„Победата е приоритет, а сè останато е споредно. Се надевам на добра игра на мојот тим и повеќе размислувам на тимската игра отколку на индивидуалната. Манчестер сити е екипа против која можете со денови да се подготвувате, а потоа одеднаш да се „измешаат картите“. Мораме добро да се браниме, да бидеме храбри и да се прилагодиме на нивната игра“, порача Белингам.

- Оглас -

Најнови вести