Македонија без многу проблеми славеше над Бугарија со убедливи 33:18 на стартот од Светското ракометно првенство во училшен ракомет, но селекторот Горан Кузманоски не беше премогу задоволен од настапот на своите избраници. Предводникот на македонската репрезентација верува дека неговите избраници може да одиграат многу подобро во следните натпревари.
„Одигравме едно лошо прво полувреме. Не беше лошо како полувреме, но пристапот беше лош, а кога се работи за една млада селекција не смее да се дозволи да го бираме противникот дали е добар или лош. Мора да бидеме конкретни во текот на целиот меч. Ни се случува два-три пати со послаби репрезентации каде што отвораме некако потешко, а потоа доаѓаме до посериозен резултат со поголема разлика, но како и да е можеби подобро работите сега да се случуваат да имаме увид за понатака да ги средиме што е можно побрзо. Без разлика што беше Бугарија, една школска екипа, покажаа дека знаат да играат ракомет“ истакна Кузманоски.
Македониај во групната фаза ќе одигра уште три мечеви, а Кузманоски потенцира дека против секој ривал пристапот мора да е максимално сериозен.
“Нас ни следат уште три меча, тоа се Грузија, Република Српска и Саудиска Арабија. Секој противник треба да го гледаме со респект. Знаеме дека тие се дојдени со репрезентативни состави и ние ќе го дадеме максимумот. Иако доаѓаме од медитеранско првенство, преовладува мал умор, имаме и двајца-тројца играчи со вирус и еден повреден, но тоа не значи дека треба да бараме алиби“ рече селекторот на нашата машка кадетска селекција по победата над Бугарија на првиот меч од Светското првенство во училишен ракомет.

