По серијата лоши резултати, Челзи реши да ја раскине соработката со тренерот Лијам Росениор. Лондонскиот клуб пред само три месеци го назначи Росениор за предновник на тимот од „Стемфорд Бриџ“ потпишувајќи шестгодишен договор, а сега си заминува по само три месеци.
Челниците на Челзи велеа дека немаат намера да носат драстична одлука за прекинување на соработката, но серијата на лоши резултати и падот во формата на тимот, било причина Росениор да добие отказ по едвај 100-тина дена како предводник на лондонскиот премиерлигаш.
За привремен тренер до крајот на сезоната е назначен Калум Мекферлан, а потоа ќе се очекува вистинското решение за клупата на Челзи. Мекферлан веќе има еден меч како привремен предводник на Челзи и тоа беше по заминувањето на Енцо Мареска, кога Челзи одигра 1:1 против Манчестер сити.
„Воопшто не беше лесно да се донесе оваа одлука, но резултатите во последни време беа под нивото на нашиот клуб, посебно поради фактот колку малку средби останаа до крајот на сезоната. Сите во Челзи на Лијам му посакуваа се најдобро во иднина“, се вели во соопштението на Челзи.
Челзи синоќа загуби од Брајтон со убедливи 3:0 и тоа беше петти пораз по ред во низа без ниту еден даден гол, што е најлоша низа за Челзи уште од 1912 година. Челзи сега треба да се фокусира за дуелот против Лидс во полуфиналето на ФА Купот, што е единствена шанса да освои трофеј оваа сезона.

