Рубен Аморим се враќа во Премиер лигата?

Рубен Аморим наскоро би можел повторно да се врати на тренерската сцена во Премиер лигата, пренесуваат англиските медиуми, и тоа со потенцијално изненадувачки ангажман.

Португалецот ја загуби функцијата на клупата на Манчестер јунајтед во јануари, по малку повеќе од една година мината на „Олд Трафорд“. Тој беше назначен во декември 2024 како наследник на Ерик тен Хаг, но слабите резултати, само со 31,9% победи, го чинeа работно место.

Оттогаш Аморим се повлече од јавноста и внимателно ја чека следната можност, а според најновите информации, таа може да пристигне уште ова лето. Како најсериозна опција се споменува Кристал палас, каде што се очекува тренерска промена.

Актуелниот стратег на лондонскиот клуб, Оливер Гласнер, веќе најави заминување на крајот од сезоната поради несогласувања со раководството, што отвора простор за ново име на клупата. Токму Аморим се издвојува како прв избор на челниците на клубот.

Доколку не успеат да го убедат, алтернативи се Андони Ираола, кој моментално го води Борнмут, како и Томас Франк и Роби Кин.

Сепак, најголемо внимание привлекува токму можноста Рубен Аморим да се врати во англиската елита и да преземе клуб како Кристал палас, што би значело нов почеток по неуспешната епизода во Манчестер јунајтед. За навивачите на лондонскиот тим претстојното лето очигледно ќе биде исполнето со неизвесност и очекувања.

- Оглас -

Најнови вести