Анчелоти како Нострадамус, уште на 18 февруари му кажа на колегата од Осасуна: „Се гледаме во финалето на Купот!“

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, одамна „знаеше“ дека во финалето на Купот на Шпанија ќе се сретнат Реал и Осасуна, или ако ништо друго, се покажа како одличен прогнозер.

Анчелоти на 18- февруари на колегата Хагоба Арасте од Осасуна му кажа: „Се гледаме во финале на Купот.“

Ветено-сторено. На 6 мај во Севилја, во финалната битка за трофејот во Купот на Шпанија ќе се борат Реал и Осасуна.

- Оглас -

Најнови вести