Винисиус даде гол, па се извинуваше, навивачите со свирежи ја поздравија победата на Реал (Видео)

Реал Мадрид го победи Алавес со 2-1, а на „Сантијаго Бернабеу“ можеа да се видат сцени какви што ретко се гледаат. Винисиус во 50-тата минута го постигна голот за водство од 2-0, но наместо да се радува, тој им се извинуваше на навивачите.

Секако, причината е фактот дека Кралевите и втора сезона по ред нема да освојат ниту една титула.

Кога заврши мечот, од трибините можеа да се слушнат свирежи, што е јасна порака не само кон фудбалерите, туку и кон раководството на клубот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести