Поранешниот шампион на Англија испадна во Третата лига точно по 10 години откако ја освои титулата (Фото)

Фудбалерите на Лестер и Хал сити синоќа ремизираа во 44-тото коло од англискиот Чемпионшип, а конечниот резултат беше 2:2, па така поранешниот шампион на Англија испадна во третиот ранг на англискиот фудбал – Лига 1.

Тоа се случи точно 10 години откако Лестер ја испиша најубавата приказна во англискиот фудбал и ја освои титулата во Премиер лигата, иако никој не им даваше шанси за тоа пред почетокот на сезоната.

Шампионот на Англија од сезоната 2015/2016, на две кола пред крајот се наоѓа на 23-тото место со 42 освоени бода, додека Блекбурн роверс, кој е во безбедната зона, има 49, па јасно е дека Лисиците ниту теоретски не можат да ги стигнат.

Кога беше означен крајот на натпреварот, на теренот се случија многу емотивни и тажни сцени. Навивачите беа потресени, а имаше и такви кои завршија во солзи знаејќи дека следната година ќе играат дури во третиот ранг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести