Анчелоти ќе купува од бившиот клуб, а тоа е одлична вест за Елмас

Карло Анчелоти си постави трансфер цел за претстојниот преоден рок, а изборот да се засили средниот ред на Евертон падна на Алан. Бразилскиот репрезентативец веќе неколку сезони е еден од клучните играчи на Наполи, а Анчелоти беше човекот кој никако не дозволуваше да остане без неговите услуги во периодот кога беше предводник на Наполитанците.

За 29-годишниот играч за врска се одбиваа понуди до 80 милиони евра, но Анчелоти верува дека сега ќе го добие неговиот потпис за многу пониска цена. Наводно, за Наполи би биле доволни до 45 милиони евра, па доколку Евертон одлучи да ја исплати сумата, Алан го чека плата од околу 4,5 милиони евра на „Гудисон парк“.

Евентуалното заминување на Алан е добра вест за македонскиот дијамант Елиф Елмас, бидејќи ќе се намали конкуренцијата во средниот ред, а тоа значи повеќе минутажа за нашиот репрезентативец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести