Анчелоти: Кога дојдоа пеналите, знаев дека ќе победиме!

Карло Анчелоти уште еднаш покажа дека е одличен стратег кој знае да постави игра и да ги неутрализира дури и најсилните противници. Италијанскиот стратег со Реал Мадрид го елиминира Манчестер сити и тоа по подобро изведување на пенали.

Првиот меч заврши 3:3, во реваншот беше 1:1, а на пенали Кралскиот клуб беше подобар со 4:3. На реваншот во Манчестер, Реал водеше со голот на Родриго постигнат само по 12 минути игра, а Сити израмни на 15-тина минути пред крајот.

„Добро го почнавме мечот. Потоа моравме да се браниме. Страдавме, но издржавме. Сити ја контролираше играта, ние се браневме премногу длабоко. Сепак, кога дојде пенал-рулетот, целосно бевме убедени дека ќе победиме. Ова е единствениот начин на којшто може да дојдете кај Сити и да го победите. Реал Мадрид е клуб кој секогаш се бори да остане во ситуацијата од која делува дека нема излез, но ние секогаш наоѓаме начин како да излеземе од секоја непогодна ситуација“, рече Анчелоти.

Италијанскиот стратег е првиот кој успеал трипати да го елиминира неговиот колега Пеп Гвардиола во нокаут-фаза од ЛШ. Прво тоа му успеа како тренер на Баерн Минхен во полуфиналето во 2014 година, потоа со Реал во полуфиналето во 2022 година и сега во четвртфиналето. Анчелоти откри дека добил честитки од Гвардиола по мечот и потенцира дека Шпанецот е вистински џентлмен.

- Оглас -

Најнови вести