Анчелоти: Не сум разочаран што не го купивме Халанд бидејќи го имаме Бензема

Од пред неколку дена официјално беше потврдено дека Ерлинг Халанд ќе биде нов играч на Манчестер сити. Иако Норвежанецот се поврзуваше и со Реал Мадрид, на крајот од тоа ништо не излезе.

Карло Анчелоти на прес-конференцијата беше запрашан дали е разочаран што раководството не го донесе Норвежанецот во Мадрид.

„Дали сум разочаран што Халанд не е во Реал Мадрид? Тој е одличен играч, но не сум разочаран бидејќи го имаме Карим Бензема.

Среќен сум со тимот што го имам и што ме донесе до ново финале, а како што кажав, Халанд е одличен играч и заминува во квалитетен клуб како Манчестер сити“, изјави Анчелоти.

Иако не го доведоа Халанд, Реал е еден од најсериозните кандидати за ангажман на Килијан Мбапе, чиј договор со ПСЖ му истекува налето.

- Оглас -

Најнови вести