21.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Анчелоти објасни зошто Реал Мадрид не победи на теренот на Атлетико

Реал Мадрид има причини да жали зошто не ги освои трите бода на гостувањето кај градскиот ривал Атлетико бидејќи Кралевите водеа со 1:0 до 90+5 минута од мечот. Во последните минути од средбата, односно од судиското надополнување, Атлетико со голот на Кореа стигна до 1:1 и откина два бода од контото на Реал.

По мечот, тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, објасни дека едноставно во последните неколку минути неговиот тим требало да се одбрани, но не успеал и затоа место три, актуелниот шпански првак освои еден бод.

„Бевме многу блиску да стигнеме до победата, но тоа е фудбалот. Атлетико е наш голем ривал. Вакви работи се случуваат. Замените ги направив само поради тоа што играчите беа заморени. Дали се чувствував нервозен во последните минути? Кога на пет минути пред крајот на ваков меч имате водство, едноставно мора да се браните. Тоа е единственото нешто што треба да го направите, а ние не успеавме. Таков е фудбалот.“, рече Анчелоти, кој сепак имаше причини да биде горд.

Италијанскиот стратег е прв во историјата на шпанското првенство кој успеал да го предводи тимот до 40 меча без пораз. Оваа низа на Анчелоти трае од минатата сезона и Реал сега е на чекор да го достигне рекордот на Барселона, која има 43 натпревари без пораз во првенството.

„Секогаш размислувам позитивно, а не негативно. Освоивме бод на тешко гостување и тимот е во добра форма“, потенцираше Анчелоти по возбудливото дерби.

- Оглас -

Најнови вести