Анчелоти: Реал Мадрид ќе ми биде последен клуб во кариерата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, најави дека после работата во Кралскиот клуб, ќе се пензионира. Анчелоти има 63 години и 24 трофеи во кариерата.

„Реал Мадрид е врвот на фудбалот, кога ќе ми заврши престојот тука, најлогично е да се повлечам“ – изјави единствениот тренер кој освоил четири титули во ЛШ и единствен што бил првак во сите пет најсилни лиги во Европа.

Реал утревечер од 22 часот со гостување кај новакот Алмерија ја почнува одбраната на титулата во шпанската лига, а Анчелоти на тој меч нема да смета на Карвахал и Родриго кои имаат ситни повреди.

- Оглас -

Најнови вести