Анчелоти се враќа во хотелот во којшто Наполи му даде отказ!

Фудбалерите и стручниот штаб на Реал Мадрид ќе бидат сместени во хотел „Везувио“ во Неапол, а тоа е местото на кое на 10 декември 2019 година актуелниот тренер на Реал, Карло Анчелоти, дозна дека добил отказ од местото тренер на Наполи.

Утре Реал му гостува на Наполи во Лигата на шампионите и ова нема да биде обичен меч за најтрофејниот тренер во историјата по бројот на титули во ЛШ.

Во декември 2019 година, Наполи го победи Генк со 4-0 во меч од ЛШ, но во тој период имаа лоши резултати во домашната лига, па претседателот Аурелио де Лаурентис му даде отказ на Анчелоти.

Според италијанските медиуми, Анчелоти тогаш го убедувал Де Лаурентис да не го брка, но и понатаму се во добри односи и не му се лути на првиот човек на Наполи за тоа што се слули пред четири години во хотелот во којшто Карло ќе спие вечерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести