Анчелоти: Ставив и трет напаѓач, ама залудно

Наполи не ја оправда фаворитската улога во дуелот со Црвена ѕвезда. Гостите во текот на целиот меч беа подобри, но никако не успеаја да го скршат отпорот на домаќините. Наполи ја погоди пречката, имаше шанси за гол, но Ѕвезда во сите ситуации се одбрани.

„Испуштивме два бода во една многу тешка група. Сепак, има уште пет кола до крајот на групната фаза. Го контролиравме мечот, во вториот дел ставив и трет напаѓач, но залудно беше и тоа“, рече Анчелоти, кој не заборави да додаде дека атмосферата на стадионот била вистинска европска атмосфера.

По ова реми, Наполи сега ќе мора да коригира во дуелите со директните ривали за првите две места – Ливерпул и Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести